Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (ЈП за ПУП) - Прилеп е основано со одлука од Советот на Општина Прилеп на 09.07.2004год. Претпријатието е формирано со цел да ги врши следните делегирани дејности од страна на Советот на општина Прилеп:

На ЈП за ПУП – Прилеп дадени му се следните надлежности:

- УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ – како примарна дејност

- ПРОЕКТИРАЊЕ, ИНЖЕНЕРИНГ, НАДЗОР И ОСТАНАТИ ТЕХНИЧКИ УСЛУГИ.

- ПРИДРУЖНИ АКТИВНОСТИ ВО КОПНЕНИОТ СООБРАЌАЈ – стопанисување со паркинг просторите во градот.

Од мало по обем претпријатие, ЈП за ПУП со текот на годините прераснува во современо, кадровски и технички опремено, стручно претпријатие.

Самиот податок дека од претпријатие со еден вработен за време на неговиот зародиш, денес да брои над 50 вработени и стручни соработници, доволно зборува за динамичниот и непрекинат развој на јавното претпријатие.

ЈП за ПУП воспостави веќе неколку сектори, организани во одделенија за вршењето на работите дадени со делегираната надлежност:

- Одделение за урбанистичко планирање и проектирање

- Одделение за географски информационен систем (ГИС)

- Одделение за стопанисување со копнен сообраќај (паркинг)

- Одделение за технички активности и инженеринг

- Одделение за општи и заеднички работи

Покрај успешните и веќе јавно признати и документирани активности на полето на урбанизмот, проектирањето и инженерингот (за што зборуваат многуте проектирани и изведени објекти, урбанистички плански документации, урбанизирани површини и урбана опрема, кои го разубавија не само Прилеп, туку и други градови во Македонија), ЈП за ПУП е предводник во воведувањето на новите системи на паркирање со СМС, грепки, организирана „Пајак“-служба и најорганизирани паркинзи во Македонија.

Драги посетители, бидејќи сликите зборуваат повеќе од зборовите, Ве покануваме да ги погледнете нашите дела и можности преку поставените слики и видеа генерирани преку 3Д – технологијата.

Тука ЈП за ПУП Прилеп не застанува!

Ветуваме дека новите идеи и проекти за современ, урбан и убав град Прилеп се наш најголем проритет!!

baner

Лиценци

Сертификати

Licenca-A crno bela-copy

Licenca-B-copy

licenca-C-copy

licu